Ракометната репрезентација на Македонија славеше и во вториот пријателски меч против Грузија, овојпат со 29-28 во дуелот одигран попладнево во СЦ „Борис Трајковски“.

Мартин Поповски погоди во самата завршница од средбата за нов триумф на „црвено-жолтите“. Тој постигна вкупно шест погодоци, исто колку и Димитар Димитриоски, додека најефикасен кај Македонија беше Филип Талески со седум гола.

Избраниците на Данило Брестовац вчера ја совладаа Грузија со 24-21, исто така во Скопје, додека претходно ремизираа со Италија 26-26 и беа подобри од Турција со 26-23 во натпреварите одиграни во Ескишехир. Македонија на тој начин забележа три победи и едно реми во рамките на ЕХФ-неделата.

Овие средби служеа како подготовка за настапот на претстојното Европско првенство, во јануари в година.