Фото: Принтскрин

Попладнево, со спектакуларно шоу, беше отворено 22-то Светско фудбалско првенство, кое годинава се одржува во Катар. Холивудскиот актер Морган Фриман, кој беше задолжен за зголемување на спектаклот на теренот, беше ѕвездата на отворањето и испрати моќна порака пред интонирањето на химната за мундијалот.

Фото: Принтскрин

– Фудбалот ги обедини нациите и нивната љубов кон убавата игра. Она што ги обединува нациите ги обединува и заедниците – порача Фриман.

Покрај холивудската легенда, во центарот на вниманието се најде и Јунг Конг кој ја испеа официјалната песна за мундијалот во Катар.

Спектаклот го отвори емирот на Катар, Ал Тани, а во музичкото шоу беа опеани земјите кои ќе учествуваат на шампионатот.

Пехарот за Светското првенство во име на актуелниот светски шампион Франција го донесе поранешниот освојувач Марсел Дасаи.
Традиционалчно, првиот меч го игра домаќинот Катар против репрезентацијата на Еквадор.