КОШАРКА

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс триумфираа на првото издание на НБА-купот што се играше во текот на сезоната и имаше цел да внесе дополнително возбудување на дуелите во почетокот од сезоната. Во НБА-купот играа 30 екипи, поделени во шест групи, во рамките на конференциите на кои им припаѓаат.
Ла лејкерс во финалниот дуел одигран во Лас Вегас ја победи Индијана со 123-109, а до првиот таков трофеј воопшто победничкиот тим беше предводен од Ентони Дејвис (41 поен и 20 скока), Остин Ривс (28 поени) и од Леброн Џејмс (24 коша и 11 скока), кој по натпреварот сосема заслужено беше прогласен и за најкорисен кошаркар (МВП) на НБА-купот, благодарение на претходните дуели, во кој оствари просек од 26,4 поени, осум скока и седум асистенции по натпревар. Кај поразените доминираше Тајрис Халибартон, кој во финалето оствари 20 поени и 11 асистенции, а толку поени уфрли и Бенедикт Матурин. Г.И.