Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ова е четврти циклус квалификации за ЕП во кој се среќаваат Македонија и Естонија, а вкупниот резултат е 3-3 во победи

КОШАРКА

Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде пред тежок испит на двата натпревари на турнирот во Талин (Естонија), кои ја очекуваат во рамките на вториот квалификациски прозорец за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2022 година. Првиот е утре со Италија, а вториот со домаќинот Естонија в понеделник. Во групата Б е и Русија, а до крајот на квалификациите има уште по четири средби за секоја репрезентација.
Македонија во групата Б има два пораза, па токму затоа шансата треба да се гледа прво во „балонот“ во Талин, а потоа и во третиот прозорец, кој би требало да се игра во февруари в година. На табелата сега води Италија, која како една од четирите држави домаќини на ова ЕП игра надвор од конкуренција, но забележа две победи, со Естонија и со Русија. Естонија и Русија имаат по една победа.

Ова е четврти пат како се среќаваат Македонија и Естонија во квалификациските циклуси за ЕП, а вкупниот резултат е 3-3 во победи. Првиот пат за настап на ЕП во Германија во 1993 година, на турнирот во Вроцлав (Полска), во групата А. Тогаш Естонците беа поуспешни и славеа со 74-60. Силите беа одмерени и за ЕП 2007, кога Македонија на гости загуби со 66-72, а во Скопје победи со 95-50. Македонија и Естонија играа и во 2008 година, во квалификациите за ЕП, во Талин Македонија победи со 90-78, а во Скопје со 87-75. Во овој циклус дуелот во Талин е седми меѓусебен на двете селекции. Од ривалите што се во групата Б, Македонија досега играла и со Италија за пласман на ЕП, во 1997 година, и двапати славеше Италија.


ГРУПА Б

Италија 2 2 0 4
Естонија 2 1 1 3
Русија 2 1 1 3
Македонија 2 0 2 2