Zdrepka LE
Фото: ЕПА

Денеска во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки за Лига Европа и потенцијалните полуфиналиња.

Ждрепката сакаше италијанско дерби во Лига Европа, Милан за противник ја доби Рома.

Интересно ќе биде и на дуелот меѓу Леверкузен и Вест Хем. Ливерпул ја доби Аталанта, а ќе играат и Бенфика против Марсеј.

Четвртфинале:
Милан – Рома
Ливерпул – Аталанта
Баер Леверкузен – Вест Хем
Бенфика – Марсеј

Првите четвртфинални дуели се играат на 11 април, реваншите се седум дена подоцна.

Полуфинале:
Бенфика/Марсеј – Ливерпул/Аталанта
Милан/Рома – Баер Леверкузен/Вест Хем

Првите полуфинални натпревари се играат на 2 мај, реваншите се седум дена подоцна.

Финалето се игра на 22 мај во Даблин.