Арсенал е новиот полуфиналист на оваа 10-годишна листа, на која се наоѓаат клубови од шест земји
ФУДБАЛ
По нова ефикасна рунда (3,75 гола по меч) во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), Арсенал – Пари сен Жермен и Барселона – Интер се двојките за полуфиналето, по кои победниците на првата двојка ќе играат за прва европска титула, а од втората за шестата, односно за четвртата. За Арсенал (трет по лигашката фаза сезонава) тоа е трето полуфинале во ЛШ, Пари сен Жермен (15-ти) вторпат е полуфиналист во низа, петти пат вкупно, Барселона (втора) се врати меѓу четирите најдобри клубови во Европа по шест години пауза, 17-ти пат вкупно, а Интер (четврти) десетти пат е во полуфиналето на ЛШ.
Во претходните 10 сезони 20 клуба од шест земји (од Англија пет, од Шпанија и од Италија по четири, од Франција и од Германија по три и од Холандија еден) играа во полуфинале на ЛШ, и тоа Реал Мадрид (седум пати), Манчестер сити, Пари сен Жермен, Баерн (по четири пати), Ливерпул (трипати), Атлетико Мадрид, Барселона, Интер (по двапати), Монако, Јувентус, Рома, Тотенхем, Ајакс, Лион, Лајпциг, Челси, Вилјареал, Милан, Борусија Дортмунд и Арсенал (по еднаш). Така, на пример, во 2016 година меѓу четирите најдобри беа Манчестер С., Реал М., Атлетико М. и Баерн, во 2017 година полуфиналисти беа Реал М., Атлетико М., Монако и Јувентус, во 2018-та играа Баерн, Реал М., Ливерпул и Рома, во 2019-та Тотенхем, Ајакс, Барселона и Ливерпул, следната година Лион, Баерн, Лајпциг и ПСЖ, во 2021-та настапија ПСЖ, Манчестер С., Реал М. и Челси, во 2022 година се натпреваруваа Манчестер с., Реал М., Ливерпул и Вилјареал, во 2023-та играа Милан, Интер, Реал М. и Манчестер С., а лани Борусија Дортмунд, ПСЖ, Баерн и Реал Мадрид. Н.М.
ЛШ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, РЕВАНШИ
Астон вила – ПСЖ 3-2 (1-3)
Борусија Д. – Барселона 3-1 (0-4)
Реал М. – Арсенал 1-2 (0-3)
Интер – Баерн 2-2 (2-1)
во заградите се резултатите
од првите средби
ПОЛУФИНАЛЕ
Арсенал – ПСЖ
Барселона – Интер