Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ – МЛАДИНСКО ЕП 2023

Репрезентациите на Украина, Израел и на Шпанија се пласираа за машкиот фудбалски турнир на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз в година, откако Англија победи во четврт-финалето на Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 21 година, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Полуфиналните двојки на ЕП 2023 за утре се Англија – Израел и Шпанија – Украина.

Од Европа ќе настапи и Франција, како домаќин на Летните олимписки игри, а на фудбалскиот турнир, на кој ќе играат 16 репрезентации, досега се пласираа и САД и Доминиканската Република. Полуфиналист на ЕП е и Англија, но нема право да ја претставува Велика Британија на ЛОИ во машкиот фудбал, пишува АП.
Олимпискиот турнир е натпреварување за фудбалери до 23 години, а за секоја селекција можат да настапат и по тројца повозрасни фудбалери.