Фото: ЕПА

Салах сезонава е во форма во англиската Премиер-лига и е најдобар стрелец и клучен фудбалер што го предводи Ливерпул на врвот на табелата. Прашан дали играњето шах може да помогне да станете подобар фудбалер, Салах рече: „Мислам дека е така. Ви ги одвлекува мислите од фудбалот. Сакам да гледам шах и сакам да играм“

Салах сезонава е во форма во англиската Премиер-лига и е најдобар стрелец и клучен фудбалер што го предводи Ливерпул на врвот на табелата. Прашан дали играњето шах може да помогне да станете подобар фудбалер, Салах рече: „Мислам дека е така. Ви ги одвлекува мислите од фудбалот. Сакам да гледам шах и сакам да играм“
Египетската фудбалска ѕвезда и љубител на шахот Мохамед Салах уште еднаш го изрази своето одушевување од велемајсторот Магнус Карлсен и откри дека ја следел драматичната завршница на неодамнешното Светско првенство (СП) во забрзан и во брз шах, во Њујорк, пишува шаховската интернет-страница „Чес“. Во новото интервју пред натпреварот на Ливерпул со Манчестер јунајтед неодамна, египетската ѕвезда рече дека го следел драматичното СП во забрзан и во брз шах, во Њујорк.
– Му посакувам сѐ најдобро. Многу ми се допаѓа како игра. Тој е најдобриот шахист на завршници воопшто – рече Салах на прашањето за Карлсен.
Салах (32) сезонава е во форма во англиската Премиер-лига и најдобар стрелец, досега постигна 18 гола, имаше 13 асистенции и беше клучен играч што го предводи Ливерпул на врвот на табелата. Прашан дали играњето шах може да помогне да станете подобар фудбалер, Салах рече: „Мислам дека е така. Ви ги одвлекува мислите од фудбалот. Сакам да гледам шах и сакам да играм. Играм шах секој ден, буквално секој ден. Инаку, тој редовно споделува фотографии на Инстаграм како игра на „Чес“.
Не е првпат Салах да зборува за своето одушевување од Карлсен, велејќи дека сонува еден ден да се сретне со Норвежанецот на партија шах или две. А нивната почит еден кон друг очигледно е заемна, како што сподели Карлсен во интервју за „Гардијан“ минатата година. Во новата епизода од фудбалскиот поткаст објавена на 3 јануари, Салах и играњето шах, исто така, беше топ-тема. Навивачот на Салах, Карлсен, не е изненаден.
– Интересно е што неговата еволуција во кариерата во Ливерпул беше извонредна. Од тоа дека беше брз играч кога пристигна, а сега најверојатно паметен со своите додавања и сѐ што прави на теренот. А дали тоа има врска со фактот дека почна да игра многу шах, не сум сигурен? Дали го отфрлам тоа? Не – вели Карлсен, пренесе „Чес“.
Норвежанецот, кој претходно се сретна со голем број фудбалски ѕвезди, како Кристијан Пулишиќ, Трент-Александар Арнолд, Пеп Гвардиола, Ерлинг Холанд и Мартин Одегард, уште еднаш ја повтори својата подготвеност да додаде уште еден на својата листа.
– Искрено, најмногу би сакал да се сретнам со Салах и да разговараме за шахот и за фудбалот – вели најдобриот шахист во светот, пишува „Чес“. Г.И.