Капитенот Стефан Ристовски со симболична порака за два милиона срца на Инстаграм ѝ се заблагодари на нацијата за поддршката што на фудбалската репрезентација на Македонија ја имаше во баражот за Светското првенство во Катар.
– Драги наши навивачи, од срце сакам да ви се заблагодарам за моментите кои ги доживеавме. Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Покажавме храброст и заедништво. Сплотени дојдовме на чекор до остварување на сонот на многу генерации. Горд сум на тимот. Заедно славиме, заедно тагуваме… Македонското сонце го огреа светскиот фудбал… – напиша Ристовски.
Македонија ја совлада Италија со 1-0 во полуфиналето во Палермо, но за жал не успеа да избори историско учество на Мундијалот по синоќешниот пораз од Португалија од 0-2 во Порто.
View this post on Instagram