Фото: „Нова Македонија“

ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ ЗА ФУДБАЛЕРКИ

По првите четвртфинални средби во Лигата на шампионите за фудбалерки, Реал Мадрид, Лион, Барселона и Манчестер сити се доближија до пласман во полуфиналето. Лион и Барселона победија на гости, на дуелите со Баерн (2-0), односно со Волфсбург (4-1). Манчестер сити на свој терен го совлада Челси, Реал Мадрид дома го победи Арсенал, а двата меча завршија со ист резултат, 2-0. Реваншите на програмата се идната недела. Барселона е актуелен европски шампион, по победата лани во финалето на дуелот со најтрофејниот клуб, Лион, кој има осум континентални титули. Во полуфиналето меѓу себе ќе играат победниците на мечевите Реал Мадрид – Арсенал и Баерн – Лион, како и на средбите Волфсбург – Барселона и Манчестер сити – Челси. Н.М.