ФУДБАЛ – ПРЕМИЕР-ЛИГА

Серхио Агуеро, Дидие Дрогба, Венсан Компани, Петер Шмајхел, Пол Сколс и Иан Рајт се новопримените фудбалери во „Куќата на славните“ во Премиер-лигата. Тие ќе им се придружат на Тиери Анри, Алан Ширер, Дејвид Бекам, Денис Бергкамп, Ерик Кантона, Стивен Џерард, Рој Кин, Френк Лампард, Патрик Виера и на Вејн Руни.
Поранешниот напаѓач на Манчестер сити, Агуеро (33) е најефикасниот странски фудбалер во Премиер-лигата со 184 гола на 275 натпревари, помеѓу 2011 и 2021 година. За 10-те години на „Етихад“, Агуеро освои пет шампионски титули. Поранешниот капитен и центархалф на Манчестер Сити, Белгиецот Компани (36) освои четири титули во Премиер-лигата. Дрогба (44) постигна 104 гола на 254 меча за Челси, притоа освојувајќи ја титулата во четири наврати.
Шмајхел (58) е првиот голман што е примен во „Куќата на славните“. Тој има освоено пет титули со Манчестер јунајтед во периодот од 1991 до 1999 година, по што бранеше за Астон вила и за Манчестер сити, завршувајќи ја кариерата со 310 настапи. Играчот од средниот ред, Сколс (47) целата кариера ја мина во Манчестер јунајтед, од 1993 до 2013 година, а постигна 107 гола на 499-те меча и освои 11 титули. Поранешниот напаѓачот на Арсенал, Рајт (58) ја освои титулата во Премиер-лигата во 1998 и на 213-те дуели постигна 113 гола.