Арне Слот, тренерот на Ливерпул / Фото: ЕПА

Девет клуба вкупно 13 пати не загубија ниту еден бод во старата групна фаза до лани (Реал Мадрид, Баерн, Милан, Пари сен Жермен, Спартак Москва, Барселона, Ајакс, Ливерпул и Манчестер сити). Ливерпул може да стане првиот што ќе го направи тоа во инаугуративната лигашка фаза на реформираното натпреварување сезонава

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Вкупно 13 пати се случи еден клуб да ја заврши старата групна фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) без загубен бод, а Ливерпул може да стане првиот што ќе го направи тоа во инаугуративната лигашка фаза на реформираното натпреварување сезонава, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Досега девет клуба имаа таков учинок (шест победи на шест меча) во групната фаза до лани, и тоа Реал Мадрид и Баерн по трипати, а Милан, Пари сен Жермен, Спартак Москва, Барселона, Ајакс, Ливерпул и Манчестер сити по еднаш. Сезонава Ливерпул победи на сите досегашни седум меча. Во осмото коло, утре, водечкиот тим сезонава во Лигата на шампионите гостува кај ПСВ Ајндховен.
Од воведувањето на групна фаза во најсилното европско клупско фудбалско натпреварување прв 100-процентен учинок имаше Милан, во сезоната 1992/93, а потоа и Пари сен Жермен (сезона 1994/95), Спартак Москва (1995/96), Барселона (2002/03), Реал Мадрид (2011/12), Реал Мадрид (2014/15), Баерн (2019/20), Ајакс (2021/22), Ливерпул (2021/22), Баерн (2021/22), Баерн (2022/23), Реал Мадрид (2023/24) и Манчестер сити (2023/24).
Лигата на шампионите, осмо коло, утре (21 ч.): Астон вила – Селтик, Баер – Спарта Прага, Борусија Дортмунд – Шахтер, Јанг бојс – Црвена звезда, Барселона – Аталанта, Баерн – Слован Братислава, Интер – Монако, Салцбург – Атлетико Мадрид, Џирона – Арсенал, Динамо Загреб – Милан, Јувентус – Бенфика, Лил – Феенорд, Манчестер сити – Клуб Бриж, ПСВ Ајндховен – Ливерпул, Штурм – Лајпциг, Спортинг – Болоња, Брест – Реал Мадрид и Штутгарт – Пари сен Жермен.
Табела: Ливерпул 21 бод, Барселона 18, Арсенал и Интер по 16, Атлетико Мадрид и Милан по 15, Аталанта 14, Баер, Астон вила, Монако, Феенорд, Лил и Брест по 13, Борусија Дортмунд, Баерн, Реал Мадрид, Јувентус и Селтик по 12, ПСВ Ајндховен и Клуб Бриж по 11, Бенфика, Пари сен Жермен, Спортинг и Штутгарт по 10, Манчестер сити и Динамо Загреб по осум, Шахтер седум, Болоња пет, Спарта Прага четири, Лајпциг, Џирона, Црвена звезда, Штурм и Салцбург по три, Слован Братислава и Јанг бојс се без бодови. Н.М.