ФУДБАЛ
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави дека безбедноста на Светското првенство (СП) во Катар ќе биде многу строга, оти сите навивачи ќе бидат во еден град.
– Сите навивачи се добредојдени да слават, да се забавуваат и да ги гледаат натпреварите. Но ако некој сака да дојде и да почне да се расправа или да прави што и да е друго, нема да биде добредојден. Во тој случај ќе бидеме многу строги, оти безбедноста е најважна – изјави Инфантино.
Според официјалните лица на ФИФА, на СП во Катар се очекува да пристигнат речиси два милиони луѓе од целиот свет.
– Подготовката не е едноставна работа. Мораме да разгледаме многу прашања во однос на безбедноста, сместувањето, превозот… Ги правиме сите можни и замисливи напори. СП во Катар ќе биде како кога детето за првпат оди во Дизниленд и ги гледа играчките. За љубителите на фудбалот тоа ќе биде уникатно искуство – вели Инфантино.
Г.И.