ФУДБАЛ – КЛУПСКО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Челси, првакот на Европа, го совлада првакот на Азија, Ал-Хилал, со 1-0, со голот на Ромелу Лукаку, и во финалето на клупското Светско првенство (СП) ќе се сретне со првакот на Јужна Америка, бразилски Палмеирас, утре во Абу Даби (ОАЕ).
„Сините“ од Лондон ќе играат за единствениот трофеј што го немаат освоено во текот на 19-те години, откако сопственик на клубот е Роман Абрамович. Челси ќе има шанса да се реваншира за поразот во финалето во ова натпреварување пред една деценија, од бразилски Коринтијанс (0-1). Тоа беше последен триумф на неевропски тим. Л.Д.