Фото: Твитер/Официјален профил на Тотенхем

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски, вечерва со Тотенхем ќе игра против Милан во реваншот од осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите (од 21 часот, првиот дуел заврши со победа на италијанскиот тим од 1-0). Во интервју за официјалната страница на најквалитетното клупско фудбалско натпреварувањето, тој се потсети на детските денови кога му се воодушевувал на најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, при неговите голови во ЛШ.

– Вторник и среда во 21 часот во Шведска, секогаш имав пуканки и со моето семејство ги гледавме тимовите, ги гледавме најдобрите играчи во светот. Го гледав и му се воодушевував на Горан Пандев. Кога го постигна голот против Баерн Минхен во дресот на Интер. Тој е Македонец како нас. Тогаш бевме многу горди што постигна толку важен погодок – изјави Кулушевски.

Кулушевски „настрада“ во борбата за македонскиот јазик додека и децата пред зграда зборуваат на англиски

Кулушевски играше за Македонија во младинските репрезентативни категории, но потоа одлучи да настапува за сениорскиот национален тим на Шведска, земјата каде што е роден.