Фудбалерките се во финалето на ЛШ, кошаркарите во полуфиналето на
Евролигата, а ракометарите во четврт-финалето на ЛШ

Барселона е спортскиот колектив што е во трка за европски клупски титули во три спорта, мажи и жени. Така, фудбалскиот тим е во финалето на Лигата на шампионите за жени, кошаркарскиот е во полуфиналето на Евролигата за мажи, а ракометниот е во четврт-финалето на Лигата на шампионите за мажи.
Шпанија е најзастапена со тимови во трка по титулите, откако и фудбалерите на Реал Мадрид се во финалето на Лигата на шампионите, а кошаркарите се во полуфиналето на Евролигата, во која, Шпанија ќе има финалист, оти во полуфиналето меѓу себе ќе играат Реал Мадрид и Барселона.
Во тие три спорта сезоната заврши само во Евролигата за кошаркарки, каде што победи Шопрон од Унгарија. Од другите земји, Франција има четири тима во трка за титулите во тие три екипни спорта (фудбалерките на Лион, ракометарите на Монпелје и на ПСЖ и ракометарките на Мец) итн.