Италијанските навивачи, кои во живо следеле натпревари од првата полусезона во Серија „А“, се повеќе на број во однос на минатата година. И како целина посетеноста на стадионите на Апенините одбележува 5-годишен раст, покажува истражувањето, направено по завршувањето на 19-тото коло во шампионатот.

На дуелите од италијанскиот шампионат изминатата есен имало во просек по 25.500 играчи на натпревар. Ова е раст од 3,2 отсто во споредба со истиот период минатата сезона, кога на трибините имало во просек по 24.706 гледачи.

Навивачите на Интер се најбројни на трибините. Домашните дуели на „нероазурите“ се посетени во просек од 62.281 навивачите, што е зголемување за 8.3 отсто во споредба со истиот период претходната сезона. Тогаш имало 57.527 гледачи на домашните дуели на тимот.

Другиот гигант од Милано, Милан, е втор на оваа листа. Средбите на „росонерите“ имаат просечно 52.977 фанови, што е зголемување за 0,8 отсто во однос на истиот период минатата година. На трето место во пласманот е Јувентус, чии натпревари се посетуваат во просек од 40.020 лица, што претставува зголемување од 1,8 отсто од минатата сезона во тоа време.

Топ 5 е надополнет со римските тимови – Рома и Лацио. „Волците“ се четврти со просек 38.556 фанови и зголемување од 2,9 отсто, додека кај „орлите“ зголемувањето е најголемо – 11.4 отсто и во просек по 34.603 присутни на „Олимпико“.

Постои намалување на бројот на навивачи само кај Сампдорија и Наполи, при што кај „небесносините“ се забележува вистински колапс. Во просек има 24,9 отсто помалку гледачи од истиот период во претходната кампања. И тогаш, и сега тимот е единствениот конкурент на Јуве за првото место, но разликата е во тоа што тогаш неаполитанцитево еден момент беа на врвот.