ИМ Никола Николовски (лево)

Македонските шаховски надежи и репрезентативци, ФИДЕ-мајсторот (ФМ), Тони Лазов (2.414, рангиран 4-ти) и интернационалниот мајстор ИМ Никола Николовски (2.435, рангиран трет), избија во водство по 5-то коло на меѓународениот шаховски турнир „Опен Скопје 2019“, кој во девет кола се игра во хотелот „Континентал“.

Во денешното претпладневно коло, Лазов со бели фигури беше подобар од Емил Ристески, а Николовски со црни славеше против искусниот бугарски велемајстор (ВМ) Владимир Димитров. По 5-то коло и двајцата имаат по 4,5 поени, додека следи група од шест шахисти (Тиличеев, Златановиќ, Станојоски, Живковиќ, Главинац и Кралевски), со по половина поен помалку.

Денеска од 17.30 часот се игра 6-то коло, а во дербито на првата табла ќе се сретнат токму водечките Николовски и Лазов. На турнирот кој се игра во девет кола, учествуваат вкупно 77 шахисти (три ВМ, три ИМ, шест ФМ, еден ЖФМ) од Србија, Русија, Белгија, Албанија, Бугарија и од Македонија.

 

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ, 5. КОЛО

ИМ Златановиќ (Србија, 2.365) – ВМ Тиличеев (Русија, 2.493) реми

ВМ Димитров (Бугарија, 2.285) – ИМ Николовски (Македонија 2.435) 0-1

ФМ Лазов (Македонија, 2.414) – Ристески (Македонија, 2.104) 1-0

ФМ Чела (Албанија 2.236) – Главинац (Македонија, 2.069) 0-1

Живковиќ (Србија, 2.054) – ФМ Качаковски (Македонија, 2.073) 1-0

ВМ Кутиров (Македонија, 2.308) – Русева (Бугарија, 1.746) 1-0

Христовски (Македонија, 2.139) – ЖФМ Тончева (Бугарија, 1.746) 0-1

Гури (Албанија, 1.445) – Тркаљанов (Македонија, 2.125) реми

Димковски (Македонија, 1.921) – Трајковски (Македонија, 2.075) реми

Ванден (Белгија, 2.074) – Стошевски (Македонија, 1.980) 1-0

Г.И.