Животни
Сопствениците на кучиња често знаат дека нивните миленици го насетуваат тоа што го чувствуваат тие. Има многу интересни работи што вашиот миленик може да ги насети, а подолу се наброени некои од нив.
Тага: Ако се чувствувате тажни, однесувањето на кучето ќе ви даде до знаење дека и тоа минува низ таа состојба. Ќе го изгуби апетитот и ќе одбие храна, нема да го интересираат играчките, ќе биде мирно, а не е чудно и што ќе се свитка покрај вас и ќе ви ја стави главата во скутот.
Намерите на човекот: Ако сте планирале да го капете кучето и сте ја зеле неговата крпа, многу е голема веројатноста кучето да се скрие под креветот. Како да знае дека е време за нешто што не му се допаѓа. Слична е ситуацијата и кога станува збор за давање лекови, потстрижување или сечење нокти.
Страв: „Не дозволувајте кучето да види дека се плашите“, повеќето од нас биле предупредени на ова како деца, со објаснување дека кучињата стануваат агресивни кога ќе почувствуваат страв. Сепак, дали е вистина дека кучињата чувствуваат страв? Постои научно објаснување за повеќето неверојатни работи што кучињата можат да ги почувствуваат, а тоа е носот на кучето, неговото најважно сетило.
Епилептични напади: Многу луѓе со епилепсија набавуваат дресирани кучиња. Таквите кучиња можат да ги предупредат родителите кога детето има напад. Тие можат да го заштитат лицето што има напад, заштитувајќи го од повреда. Уште повеќе, тие можат да ја свртат личноста во положба што ќе ѝ овозможи полесно да дише. Некои кучиња одат чекор понатаму: чувствуваат кога ќе се случи напад и ја предупредуваат личноста дури 10 или 20 минути пред нападот.