Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Зеленчукот е богат со витамини и минерали, а содржи и многу влакна, кои ќе ви помогнат подолго да се чувствувате сито. Дополнително, важно е да се истакне дека во споредба со другите намирници, тој е нискокалоричен, поради што помага и при слабеење. Пред да ги додадете видовите зеленчук од листата во вашата исхрана, важно е да знаете дека секој вид зеленчук е пожелен во вашата секојдневна исхрана и дека можете да го зголемите внесувањето. Имајќи го сето тоа на ум, издвојуваме шест најдобри зеленчуци што треба да ги додадете во чинијата кога главна цел ви е да изгубите тежина.
Спанаќ: Кога се обидувате да изгубите тежина, барајте зеленчук во кој можете да уживате на различни начини. Спанаќот има поблаг вкус и може да се комбинира во различни оброци. Покрај тоа, тој е многу хранлив, со само 23 калории на 100 грама.
Брокула: Брокулата е одличен избор за слабеење бидејќи им додава волумен на оброците, што значи дека ќе бидете сити подолго. Брокула можете да додадете во чорби, а одлично оди со ориз и тестенини. Свежата брокула има околу 35 калории на 100 грама.
Прокељ: Иако прокељот не е меѓу омилените видови зеленчук, доколку се зготви правилно, може да биде вкусен додаток на различни јадења. Содржи 43 калории и околу четири грама влакна на 100 грама.
Карфиол: Поради својот вкус, карфиолот е сè попопуларен во здравата исхрана. Од неодамна се користи како замена за база на пица, а може да се најде и како состојка во некои колачи. Има само 25 калории на 100 грама.
Грашок: Грашокот најчесто ќе го најдете во разни чорби или супи, а можете да го додадете во разни оброци со тестенини или ориз. Содржи околу 85 калории на 100 грама, а покрај тоа има и повеќе од пет грама растителни протеини што се корисни за варењето на човекот. Протеините се корисни за слабеење бидејќи ви помагаат да се чувствувате сито, бараат повеќе енергија за метаболизмот и ги зголемуваат хормоните за ситост.