Техно

Компанијата „Самсунг“ ја покажа рекламата „Уан мор тинг“ за време на настанот „Анпакд“, објавувајќи го уредот „Галакси ринг“, а сега аналитичарот Ави Грингарт сподели некои детали што ги откри благодарение на раниот пристап до прототипот на уредот.
Уредот е исклучително лесен за носење и доаѓа во различни големини, од кои најголемата има дијаметар од 22,2 милиметри. „Галакси ринг“ ќе се продава со три различни завршни обработки кога станува збор за материјалот и ќе се појави на пазарот подоцна оваа година.
Рекламата покажуваат дека прстенот има пого-иглички во внатрешноста, кои се користат за полнење, а неговите функции вклучуваат следење на отчукувањата на срцето, сатурацијата, спиењето и нивото на стрес.
Ако им се верува на претходните гласини, прстенот ќе дебитира во третиот квартал од оваа година, но сѐ уште нема официјални информации од „Самсунг“.