Техно

Компанијата „Епл“ неодамна поднесе документација за патент за уред многу сличен на ајпад. Уредот е наменет да прави сѐ како паметен телефон, но без досадни повици и СМС што го „расипуваат“ корисничкото искуство.
Исто така, на него може да се складираат музика, видеа и книги, главната забележлива разлика во однос на стариот модел е што служи и како куќиште за безжични слушалки. На овој начин практичната футрола за слушалките „ерподс“ би била претворена во ајпад.
Меѓутоа, сè уште не е познато дали уредот навистина ќе се најде на пазарот, бидејќи многу патенти никогаш не ја гледаат светлината на денот.
Во јули 2017 година, „Епл“ ги испрати ајпад шафл и нано во историјата, а беа објавени и два модела на ајпад тач со двојно поголем капацитет.
Сепак, во август 2020 година се појавија гласини дека „Епл“ соработува со владата на развој на „таен“ ајпад. Поранешен софтверски инженер на „Епл“, кој работел за компанијата 18 години, ја сподели приказната за тоа како „Епл“ му помогнал на американското министерство за енергетика да го измени ајпад од петтата генерација за тајно да снима и складира податоци.