Нега и убавина

Негата на кожата на лицето одзема многу време, но она што задолжително мора да го правиме навечер е отстранување на шминката и миење на лицето, советува шминкерот Шафран Хјуз. Шминката може да предизвика затворање на порите, иритација на кожата, потечени очи и прерано стареење. Кога спиеме, нашата кожа се обновува, а остатоците од шминката може да го попречат природниот процес на регенерирање на клетките.
Шминката врз база на масло треба темелно да се отстрани, бидејќи ја спречува кожата да дише – советува Хјуз.
Повеќето жени ја отстрануваат шминката со влажни марамчиња, но тие отстрануваат само дел од шминката и површинските бактерии. Значи, тие треба да бидат само прв чекор, а потоа да се продолжи со мицеларна вода или средство за чистење.
При неговото користење, според Хјуз, најпрво заштитете ги очите и користете памучен туфер, кој ќе го натопите во средство за отстранување шминка. Користете различни туфери за двете очи. Повеќето средства за чистење се дизајнирани за отстранување на шминката или за чистење на лицето, не и за двете. Лицето може да се исчисти со: гел, масло, млеко или крем.
Без оглед кој производ ќе го користите, правете го тоа нежно, без триење.