Ако некој ги знае тајните за убава коса, тоа дефинитивно се Индијките.
Сушмита е гуру за нега на коса и популарна видео блогерка од Индија која за порталот Фемила ги сподели своите совети за нега и побрз раст на косата како и за што поквалитетна и здрава коса.

Сок од алое вера
Сокот од алое вера го стимулира растот на косата и е многу корисен кога станува збор за нега на скалпот. Исечете неколку листови алое, а потоа пресечете го секој лист на половина за да го ослободите сокот. Со кружни движења измасирајте го коренот на косата за да ја подобрите циркулацијата и да обезбедите подобра апсорпција. Оставете ја маската да делува најмалку два часа, или преку ноќ.
Направете маска со пантенол
Д-пантенолот е синтетички витамин Б5, а неговите својства се одлични за обновување на фоликулите на косата и спречување на опаѓање на косата. Како да се користи маската? Измијте ја косата и нанесете пантенол во форма на гел, спреј или пена, фокусирајќи се на корените.

Исплакнете гo темето со ладна вода
Ладната вода ги затвора порите и ја подобрува циркулацијата, што доведува до побрз раст на косата. Како дополнителен бонус, вашата коса ќе стане значително посјајна.

Исплакнете ја косата со јаболков оцет
Јаболковиот оцет ги активира фоликулите на косата, што е многу важно за бујна коса, а повторувањето на постапката неколку пати месечно ќе биде сосема доволно. Користете јаболков оцет наместо регенератор за коса и не го плакнете. За разлика од винскиот оцет, јаболковиот оцет нема силен мирис.

Протеинска маска
Надополнете го недостатокот на протеини. Пробајте ја оваа маска: земете две јајца и одделете ја белката од жолчката. Потоа измасирајте ја белката во коренот на косата и добро исплакнете.
Маска со јајца и коњак
Јајцата се полни со протеини, а коњакот содржи танини, кои ви помагаат да имате пополна коса и го стимулираат растот на косата. Земете две јајца и чаша коњак. Состојките изматете ги во блендер или со вилушка, а добиената смеса нанесете ја на коренот на косата. Додадете маслиново масло доколку сакате да ја нанесете маската по целата коса, со што ќе и дадете мекост на вашата коса.
Користете етерични масла
Јојоба, бадем, лаванда, рузмарин, мајчина душица. Овие есенцијални масла благотворно делуваат на фоликулите на косата, снабдувајќи го скалпот со голем број витамини и билни компоненти.
Споменатите масла измешајте ги во сад или додадете ги во кокосово масло. Нанесете ја смесата на коренот на косата и почекајте 2-3 часа. Измијте ја главата двапати користејќи обичен шампон.