Следејќи ја актуелната зелена агенда, многу брендови избираат органски алтернативи во козметиката, обидувајќи се да го намалат количеството на синтетички состојки во своите формулации. На кои „чудесни растенија“ треба да им се посвети посебно внимание затоа што се подобри од нивните „хемиски“ замени и носат многу повеќе бенефиции, а помалку штета.
Во еден период синтезата на ретинол (форма на витамин А) буквално ја крена на нозе индустријата на производи за нега и убавина. Овој антиоксидант покажа неверојатни резултати: ја стимулира и регулира работата на епидермалните клетки, помагајќи им буквално да се „потсетат“ на младоста. Тој исто така е неверојатно ефикасен и во борбата против акните. Сепак, излезе дека состојката е далеку од идеална, се покажа дека многу често ја суши и ја иритира кожата, особено чувствителната. Во некои ретки случаи како последица на употребата на ретинолот се појавува и ретиноичен дерматитис.
Производите со ретинол не се препорачуваат за употреба во периодот на сончева активност (особено во лето) бидејќи ја зголемуваат фотосензитивноста на кожата. Потврдена е и информацијата за опасното тератогено дејство на ретиноидите врз развојот на фетусот кај бремени жени, односно опасност да предизвика вродени мутации. Така, козметиката што ги содржи овие состојки е додадена на забранетата листа на производи за бремените жени.