Нега и убавина
Иако црната боја често се смета за најдобар избор доколку сакаме да изгледаме послаби, стилистите истакнуваат дека темните бои не мора да бидат единствениот избор доколку сакаме да го постигнеме тоа. Кога станува збор за нашата фигура, една од најважните работи на кои треба да се обрне внимание при изборот на облека е покрај кројот и бојата на самата облека. Се разбира, црната боја е позната по тоа што е речиси универзално ласкава и притоа нѐ прави послаби, но стилистите истакнуваат дека не мора да се држите до темните нијанси за да постигнете неверојатен краен резултат.
Смарагдно зелена: Боите што ќе направат да изгледате послаби не се секогаш неутрални, а смарагдно зелената може да го создаде истиот ефект.
– Оваа боја го привлекува вниманието кон себе и може да создаде фокусна точка што го одвлекува вниманието од другите делови на телото – изјави стилистката Софи Малвист за „Бест лајф“.
Покрај тоа, спарувањето на смарагдно зелената со други неутрални бои како црна, бела или сива исто така може да го создаде истиот ефект. Можете да ја комбинирате и со комплементарни бои како бордо, темносина и златна за уште побогат резултат.
Црвена: Црвената ги отелотворува истата неутралност и разновидност како црната, но со повеќе елан и енергија – вели Елизабет Косич, стилистка во „Елизабет Косич стајлинг“.
Таа забележува дека тоа е изглед што остава впечаток и нема наскоро да се заборави, додека истиот тој во црно би бил запоставен и безличен.
Чоколадна боја: Чоколадната нијанса на кафена е компатибилна со сите тонови на кожата и обично се поврзува со една од нашите три најдоминантни карактеристики – коса, кожа или очи – вели Косич.