Ако ѝ дадете соодветна нега на вашата коса, ќе добиете долга и здрава коса! На прво место ќе ви помогне чудотворниот шампон за побрз раст и зајакнување на косата.
Погледнете го рецептот, направете го овој шампон, користете го секогаш кога ќе ја миете косата и наскоро ќе ги забележите посакуваните резултати. Многу брзо ќе забележите подолги влакна, но и поцврсти и поотпорни. Состојките што ви се потребни се: 10-15 чешниња лук, лажица маслиново масло и едно шише шампон.
Излупете го лукот и добро измијте го секое чешне, изблендирајте го со блендер за да направите паста, додадете малку вода во пастата и продолжете да го мелете лукот додека пастата не стане целосно кремаста. Додадете маслиново масло.
Измешајте ги состојките додека не се соединат добро. Измешајте ја пастата од лук со шампонот и чувајте го овој шампон во добро затворено шише. Мијте ја косата со овој шампон секојпат, два-три пати неделно.
Уште еден одличен совет: Додадете масло од гераниум во постојниот шампон или маска за коса. Ова помага за зголемување на циркулацијата на скалпот. Косата расте побрзо и е поотпорна на надворешни влијанија. Неколку капки од ова есенцијално масло во вашиот шампон или регенератор ќе направат огромна разлика.