Нега и убавина
Со оглед на тоа дека есента пристигна забрзано, време е да се посветите на изборот на вистинските чизми што ќе бидат во тренд годинава. Постојат неколку модели што ги препорачуваат светските стилисти, а важен е и изборот на дезен.
1.Чизмите до глужд секогаш се добар избор, особено во природни нијанси. Се носат со здолништа и со тесни панталони, но одлично изгледаат и со пократки панталони со широки ногавици, кои се носат и годинава.
2. Животинските принтови се главна тема и оваа есен. Не е важно дали чизмите се кратки, високи, со потпетици или рамни – сѐ што е со принт на леопард е хит. Модниот експерт Џенифер Џонсон вели дека овој принт одлично оди со црни комбинации или со тексас, но предлага да бидете креативни и да го носите со розова или сина боја.
3. Моторџиските чизми исто така се во тренд годинава. Носете ги со елегантен фустан или со лелеаво здолниште.
4. Чизмите од антилоп, кои се меки, удобни и со неутрален тон, се тренд годинава. Исто така и чизмите од велур се тренд за есента 2024 година и може да се носат со широк спектар на комбинации.
5. Чизмите со квадратни врвови се тренд сезонава, а особено ги носат помладите. Но исто така, кога сме кај носталгичните модни трендови, официјално се вратија кратките чизми на платформа. Стилистката Нина Варгас вели дека тие се дел од гранџ-културата и ќе ги гледаме насекаде есенва.