Влечки за на плажа, за излегување и за цел ден

За овие врели летни денови, обезбедете им на вашите стапала удобни, но трендовски обувки. Со еден збор, време е за влечки, кои повторно се во мода ова лето. Можете да ги носите на плажа, за излегување или кога ќе тргнете да ги завршите неопходните дневни активности.
Јапонки – поради сестраниот изглед, се наметнуваат како еден од најпопуларните избори за плажа. Им овозможуваат на стапалата да дишат, брзо
се сушат и одлични се за прошетки покрај вода. За оваа пригода можат да се носат и секогаш практичните гумени кломпи.
Влечки со широки ремени – иако на многумина прва асоцијација им се популарните брикенсток-влечки и други производители нудат слични модели. Лесни се и удобни, погодни и за прошетки по нерамен терен, камчиња или песок на плажа. Последниве години им се врати популарноста, а убаво изгледаат со долги лелеави здолништа и фустани, но и со шорцеви.
Елегантни женски влечки – тоа се обувки за секоја пригода. Сезонава се
модерни оние со коцкести потпетици, со разни украси, циркони, ременчиња, како и модели од проѕирен материјал. Хит се влечките со елементи на јута, како и модели со реси или врвки.