Фото: Илустрација/Пекселс

Автор: Д-р Марија Хаџи Еленова

Раѓањето на детето претставува многу значаен момент во животот на секој родител. За успешно родителство не постојат правила или волшебни формули, потребно е многу трпение и добра волја. Врската мегу мајката и бебето не започнува после раѓањето,туку основите се креирани уште рано во бременоста. Идеално продлжение на блискиот контакт на мајката со бебето претставува моментот кога бебето веднаш после излегувањето во надворешниот свет се става голо на гола кожа на градите на мајката. Топлината на мајчиното тело, отчукувањата на нејзиното срце, близината на дојката и првите капки на мајчиното млеко-колострумот ја продолжуваат взаемната љубов меѓу нив.
Колострумот е густа, леплива, жолтеникава течност и совршена прва храна за новороденчето богата со протеини, витамин А, имуноглобулини (воглавно ИгА) кои обезбедуваат заштита од инфекции. Тој е и лаксатив кој помага при првото исфрлање на столицата. После 2-3 недели се создава зрело млеко. Тоа содржи идеална количина на протеини прилагодена за потребите на доенчето,лесно се варат и добро се ресорбираат. Мастите во мајчиното млеко содржат полинезаситени масни киселини со долги ланци неопходни за раст и развој на нервниот систем. Има и ензими во составот кои учевствуваат во варењето на мастите и помагаат во нивната ресорпција. Мајчиното млеко има во висок процент и лактоза, која одлично се разложува и искористува. Степенот на искористеност на железото од мајчиното млеко изнесува 50% и затоа се ретки анемии во првите 6 месеци кај деца кои цицаат. Бебињата кои се хранат со мајчино млеко поретко заболуваат од пролив,инфекции на органите за дишење и варење. Млекото на секоја мајка содржи антитела кои го штитат бебето од болести на кои мајката била изложена. Факторите на раст го подобруваат развојот и созревањето на имунолошкиот систем,централниот нервен систем (мозокот) и другите органски системи (кожата). Системот за варење на доенчето побрзо се развива кога тоа се храни со мајчино млеко затоа што така се спречува контакт со непознати протеини и се намалува опасноста од алергиски реакции. Млекото на секоја мајка е најпогодно за нејзиното бебе и тоа обезбедува складен психички и физички раст и развој на доенчето и детето во првите години од животот.
Сепак во одредени случаеви кога од различни причини (физиолошки или психолошки) мајката не е во можност да го дои детето,најдобро е да се помине на вештачка исхрана со адаптирано млеко внимателно избрано со матичниот лекар.