Медицински совет
Во суштина не постои вистинска фромула за одредување колку пати во текот на годината треба да го посетите забарот. Тоа зависи од неколку фактори. Првиот е животната доба. Децата на кои им пораснале постојани заби, особено оние од шест до осум години, треба да одат на контрола барем двапати годишно. Во тинејџерската возраст постојаните заби се помалку ранливи, сѐ додека не почнат да растат осумките, околу 20-та.
Понатаму во животот разни фактори, како болести, лековите што се земаат, бременост, лоши навики во исхраната, можат да влијаат на здравјето на забите. И кај постарите луѓе важи правилото за почесто одење на забар, бидејќи кај повеќето има протетички интервенции за кои треба редовно да се води сметка.
Општо, оние што немаат проблеми со забите треба да одат на контрола еднаш годишно. Но лицата што се склони кон парадентолошки проблеми треба да одат на преглед на три-четири месеци за да се отстарани забниот камен, кој со текот на времето може да предизвика појава на бактерии во устата, кои предизвикуваат болести на непцата како парадентопатија, инфекција што го напаѓа ткивото што ги држи забите на место.
Чести прегледи се потребни и кај страстните пушпачи и кај дијабетичарите. И секогаш раковдете се од паролата: подобро е да се спречи отколку да се лекува.