Фото: Пиксабеј

Медицински совет

Ако сте забележале појава на црвени дамки на вашата кожа, не грижете се, тоа е ангиом – мал бениген тумор што се состои од крвни садови и е целосно безопасен. Постојат неколку вида и може да се најдат насекаде на телото. Многу луѓе ги добиваат по триесет години. Тие се претежно многу мали дамки што најчесто се наоѓаат на трупот, рацете и рамениците, а жените можат да ги имаат и на градите. Тие се појавуваат поради промените на кожата и крвните садови што доаѓаат со возраста. Во овој случај станува збор за т.н. ангиом во форма на минијатурна цреша. Ако ангиомот изгледа како дамка од која се разгрануваат крвните садови, тоа може да укажува на проблеми со црниот дроб, болести на циркулаторниот систем или хормонална нерамнотежа во телото. Овој тип се нарекува пајак ангиом. Почесто се појавуваат во детството и за време на бременоста, а кога ќе се појават во голем број можат да предупредат на оштетување на црниот дроб.
Но ако забележите дека црвената дамка неочекувано се променила во големината, во формата или почнала да крвави, разговарајте со вашиот лекар. Ангиомите не треба да се третираат освен ако крвават. Може да се третираат со електродесикација, течен азот или со ласер. Сите три типа третмани обично даваат добар резултат. Електродесикацијата се состои од допирање на кожата со електрична игла и уништување на крвните садови. Течниот азот е ладен гас што се прска на кожата со пиштол за прскање или се нанесува со памук. Ласерот користи зрак на концентрирана светлина. Ангиомите понекогаш се повторуваат по третманот. Најдобрата превенција на ангиомите е здрав начин на живот и урамнотежена исхрана. Јадете многу овошје и зеленчук и не заборавајте на здравите масти како оние од авокадото и маслиновото масло.