Фото: Пиксабеј

Алцхајмеровата болест е вид деменција од која секоја година се разболуваат сѐ поголем број луѓе. Првиот и најочигледен симптом на Алцхајмеровата болест е губење на меморијата, проследено со ментално и физичко влошување, како и неподвижност и целосна функционална попреченост на човекот и негова зависност од туѓа нега и помош.

Експертите предупредуваат дека Алцхајмеровата болест е една од главните причини за попреченост кај постарите лица во светот, со физички, психолошки, социјални и економски влијанија врз лицата што страдаат од деменција, како и врз нивните семејства, старателите и на крајот на општеството како целина. Но, покрај губењето на меморијата, лекарите нагласуваат дека има и други симптоми што можат да бидат рани показатели за оваа хронична состојба.

Според клиниката „Мајо“ има дури четири суптилни промени во однесувањето што можат да укажат на тоа дека лицето боледува од Алцхајмерова болест.

Имено, пациентите често ги покажуваат следните симптоми: ненадејни промени во расположението, депресија, губење интерес за работи што претходно ги интересирале, како и раздразливост.

Експертите нагласуваат дека секоја од наведените појави може да биде ран знак на оваа прогресивна болест и никогаш не треба да се игнорираат.