Изложба на скулптури на Луан Мулиќи, професор и член на Косовската академија на науките и уметностите, е отворена во објектот „Чифте-амам“.
– Еротската уметност е широко поле во визуелните уметности, вклучувајќи ја и скулптурата како уметничко дело, но и усната и пишаната култура воопшто. Еросот како тема, мотив или лајтмотив се јавува уште од епските песни, со фигуративен слој, особено во народните лирски фолклорни песни, кои се познати како љубовни песни од сите краишта. Значи, во еротските теми, провокативни од уметнички, но и смели од професионален аспект, не само во една скулптура туку и во неколку тематски скулптури, авторот се фокусира во истражување на еротиката и вклучува многу скулптури со описи на маж и жена во различни сексуални позиции, интерактивни во различни положби. Многу уметници експериментирале и вршеле студии со кои сексот го претвориле во научна дисциплина, надминувајќи ги традиционалните предрасуди и табуа – велат од Национална галерија на Македонија за изложбата.
Според Зени Балажи, дали примерок на еротска уметност е нешто срамно или не зависи од стандардите на јурисдикцијата и на заедницата во која се појавува.
Скулпторот Луан Мулиќи предлага да се користи зборот „еротски“ за да се опишат презентациите и претставите што или, барем од некои уметници, се смета дека имаат значење „како“ сексуална активност. Дефиницијата на Мулиќи за еротската уметност е како уметност за сексуална тема што се поврзува особено со емоциите, а не само на сексуалните дејства и описи, кои се естетски оправдани. Сепак, иако неговиот акцент на емоциите е разбирлив од етимолошка гледна точка – терминот „еротски“ е изведен од грчкиот збор „ерос“, што значи љубов или страст – пишува Зени Балажи.