Во периодот од 14 до 29 јуни на „Академија Медитернеа дел Аторе“ во Лече, Италија, серија предавања ќе одржат Искра Шукарова, Иванка Апостолова Баскар и Дејан Дуковски. Предавањата се од областа на драмското пишување, визуелната драматургија и кореографската драматургија.
Проектот ќе резултира со јавни презентации на крајот на процесот, каде што учесниците ќе претстават текстови на темата екологија, односно климатски промени. Вечерва, во 18 часот, во Градската библиотека ќе биде презентиран процесот од работилницата, поточно кокреативниот пристап на Иванка Апостолова Баскар и Искра Шукарова во полето на визуелната и кореографската драматургија
Проектот „Источната страна на сцената“, кој започна да се реализира од 2023 година, е поддржан од страна на Министерство за култура на Италија и Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт. Во проектот учествуваат и партнери/организации од Србија, Косово, Албанија и Италија.