Во Кинотеката на Македонија почнува да се реализира новиот проект на Кинотеката, насловен „Сценаристичка лабораторија“ со Димитар Банов, кој ќе се одржува секоја среда, со почеток од 19 часот. Настанот ќе започне со проекција на филмот „Секс, лаги и видеоленти“ (1989, САД), во режија и според сценарио на Стивен Содерберг. Преку детална анализа на драмската структура на 12 филмски класици, гостите учесници ќе добијат можност одблиску да се запознаат со сите „скриени тајни“ – елементи, алатки и техники на сценаристичкиот занает.

Од премиса, експозиција, главна тензија, кулминација, резолуција, три чина, конфликт, протагонист и цел, па до перипетии, засадување и исплата, драмска иронија, создавање тензија, активност наспроти акција, рекламирање на иднината и итн., се само дел од драматуршките инструменти, кои ќе бидат честа тема на овој интерактивен настан.