Конкурс за млади писатели на темата „Скопје“

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје распишува Конкурс за млади писатели за песни, раскази и есеи на темата „Скопје“.
Темата „Скопје“ е само глобална и заедничка, а сите песни, раскази и есеи треба да имаат свои посебни авторски наслови.
На конкурсот може да учествуваат автори од целата република, но да не се постари од 35 години, а секој автор може да испрати неограничен број свои творби за сите три жанра.

Творбите треба да бидат потпишани со името и презимето на авторот, годините на авторот, адресата и мејлот.
Конкурсот е отворен од 15.4. до 15.5.2022 година, а творбите треба да се испраќаат на следниов мејл: [email protected]

Од сите пристигнати творби ќе биде направен избор на најдобрите творби и тие ќе бидат објавени во книгата „Млади писатели“.
Ви благодариме за учеството на конкурсот.