Сигурно знаете дека смеењето е заразно. Кога еден ќе почне да се смее, позитивната вибрација и доброто расположение многу брзо се шират и преоѓаат на другите. Исто така смеењето е многу здраво, што е и научно докажано.
Според едно истражување, тоа е еден од најстарите облици на комуникација, а може да биде добро и за намалување на стресот, но и меморијата се подобрува.
Затоа, за да се насмееме заедно, прочитајте неколку шеги, кои се надеваме ќе ве расположат
* * *
Сестрата излегува во чекалница и вели:
– Ајде нека влезе малиот Драган на преврска!
Еден од пациентите на клупата одговара:
– Драган си отиде, му зарасна раната!
* * *
Уплашен патник на бродот „Титаник“ му вели на капетанот:
– Колку е далеку најблиското цврсто тло?
– 300 метри.
– На која страна?
– на дното.
* * *
Влатко му се жали на татко си:
– Тато, дали мастилото е скапо?
– Не е синко, зошто прашуваш?
– Па, истурив на килимот во дневната соба и мама многу се налути.
* * *
Се напил зајакот и оди низ шумата нишајќи се. Се сопнува, паѓа и заспива под едно дрво.
Доаѓаат два волка и почнуваат да се тепаат кој ќе го изеде. По малку и двата паѓаат мртви.
Утредента зајакот се буди и гледа околу себе:
– Е, зајко, зајко, секогаш кога ќе се напиеш правиш некоја беља.