На светскиот ликовен конкурс распишан во септември, кој траеше до 20 февруари 2020 г., пристигнаа 15.371 детски цртеж од 277 училишта од 33 земји. Делата беа избирани во март и беа одбрани 717 дела за 38-та по ред Светска изложба на детски творби, која ќе биде отворена на 23 мај во просториите на Монмартр и ќе трае цела година.

Печатениот рекламен материјал, како и наградите за наградените ќе бидат испратени по пошта.

Оваа година во Битола се очекуваа околу 100 гости (деца со своите ликовни педагози – околу 20 екипи од 17 земји). Највисокото признание – гран при го доби Марија Дима од Букурешт, Романија.