Миа Петровиќ, која има четири и пол години, неодамна во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати, учествуваше на изборот „Литл мис планет 2021“ и победи. Ова е нејзин прв натпревар за убавина, на кој успешно ја претставуваше својата земја Македонија. Таа гордо прошета на пистата двапати, облечена во креации на „Елена Лука“ и на „Литл принцес“ и беше неизмерно среќна кога ја доби победничката лента во својата возрасна категорија.
Миа вели дека десетте дена поминати во Дубаи никогаш нема да ги заборави.
Таа е членка на модното студио „Црнокрак“, кое поседува лиценци за учество на наши претставнички на голем број избори за убавина во светот.