Од творештвото на писателката Сузана Мицева

До кај што ја гледам ширината
и на небото синевината
ѝ признавам на тишината –
дотаму ми е татковината.

И зајакот што трча во дивината
и кртот што ми ја ора градината
и срната горе во планината
и лисицата долу на падината,
сѐ ми е милината, родината,
таа е мајката, татковината.

И лозјата растечени во полињата
и вината спастрени во бурињата,
и куќите со дворовите, цвеќињата,
и црквите и џамиите со
минарињата
и булеварите, улиците, патчињата
и селцата и гратчињата
тоа ми е своината,
мојата земја, татковината.

(Од книгата „Татковината во детските срца“ )