„Неон“ заокружува една година успешен маркетинг
Трилерот за сериски убиец, во кој глумат Николас Кејџ и Маика Монро како агентката на ФБИ, Ли Харкер, е пријавен за сите категории, вклучувајќи ги и најдобар филм, најдобра режија, најдобра актерка и најдобра споредна машка улога, за следното издание на наградите „оскар“, кое ќе се одржат во март 2025 година.
Покрај Кејџ и Монро, во овој филм глумат и Алиша Вит и Блер Андервуд, кои веројатно ќе бидат пријавени за најдобра споредна женска и машка улога.
Номинацијата за „оскар“ на „Лонглегс“ би била цреша на шлагот на успешната година на овој филм, кој заработи над 100 милиони долари низ светот и моментално е независен филм со најголема заработка во 2024 година, како и филм со најголема заработка на „Неон“ досега.
Како што е познато од претходните искуства, хорор-стилот не поминува премногу добро на „оскарите“, а најуспешни приказни досега биле „Егзорцистот“ на Вилијам Фридкин, „Кога јагнињата ќе стивнат“ на Џонатан Дем и „Гет аут“ на Џордан Пил. Во последниве години се забележани некои неправди кога станува збор за „оскарите“, како на пример Тони Колет во „Хередитари“, но со оглед на успехот што го постигна „Лонглегс“ годинава е можно да биде година кога некој друг хорор ќе освои голема победа на „оскарите“, сметаат критичарите. Ако за ништо друго, се смета дека „Лонглегс“ барем би добил награда за најдобра шминка и фризура, со оглед на тоа што Феликс Фокс и тимот го направија Николас Кејџ речиси целосно непрепознатлив.
Иако не можеме сигурно да ја предвидиме иднината, веројатно е дека „Лонглегс“ ќе има барем неколку номинации. Дали ќе успее да земе „оскар“, ќе покаже времето.