Заклучно со декември 2023 година, Кина имаше над 1,09 милијарда корисници на интернет

Во 2024 година се одбележува јубилејна годишнина откако Кина постигна
целосен функционален пристап до интернет

Годинава се одбележува 30-годишнината откако Кина постигна целосен функционален пристап до интернет. Од 1994 година земјата постигна значителен напредок во промовирањето на владеењето засновано на закони во сајбер-просторот.
– До денес Кина има објавено над 150 закони во областа на управувањето со сајбер-просторот – рече на прес-конференција во вторникот Ванг Сонг, заменик-директор на Кинеската управа за сајбер-простор (CAC).
За да го олесни дигиталниот економски развој, Кина ги формулира и имплементира основните закони за оваа област, вклучувајќи го и Законот за е-трговија. Направени се и напори за забрзување на законодавството за одредени области, како што се преносот во живо, онлајн плаќањата и регрутирањето преку интернет.
Заклучно со декември 2023 година, Кина имаше над 1,09 милијарда корисници на интернет, покажа статистиката на информативниот центар за интернет-мрежа на Кина.
– Во мај 2024 година беше објавен збир на привремени прописи за спротивставување на нелојалната конкуренција во сајбер-просторот – истакна Пенг Ксинмин, службеник на Државната управа за регулирање на пазарот (САМР).
Кина има исклучително добри регулативи за заштита на легитимните права и интереси на малолетниците во сајбер-просторот, вклучувајќи и регулативи за заштита на личните информации на децата на интернет, според официјалниот претставник на CAC, Ли Чангкси. Во областа на спроведувањето на законот, CAC успешно се справуваше со неправилно или незаконско однесување на интернет, вклучувајќи и ширење лажни информации и злоупотреба на алгоритми.
– Во текот на изминатите години беа започнати над 40 специјални операции, што резултираше со отстранување на над 20 милијарди незаконски информации – рече Ли.