Големите американски музеи излегоа од првите десет најпосетувани во светот во 2020 година, бидејќи градовите на источниот брег, како Њујорк и Вашингтон, беа затворени поради пандемијата. Во 2021 година, музејот на уметноста „Метрополитен“ и Националната галерија на уметноста се вратија на шестото и седмото место. Кинескиот научен и технолошки музеј во Пекинг имаше уште поголема стапка на раст, но и покрај зголеменото кинеско присуство во повисоките рангови на листата, „Лувр“ го брани првото место како најпосетуван музеј во светот. Париската институција минатата година забележала 2,83 милиони посетители.
Сепак, бројките претставени во рангирањето се далеку од врвовите во 2019 година, кога повеќе од 100 милиони луѓе ги посетија 20-те најголеми музеи во светот. Во 2021 година, тој број беше само 29,5 милиони, што е за 34 отсто повеќе од 2020 година. Ова е според Музејскиот индекс за 2021 година од TEA- AEКOM.
На второ место на листата е Националниот музеј на Кина во Пекинг, со околу 2,38 милиони посетители. Музејот е резултат на спојувањето во 2003 година на Музејот на кинеската револуција, основан во 1950 година, и Националниот музеј за кинеска историја, отворен во 1912 година. Од друга страна, Ватиканските музи се наоѓаат на десеттото место по бројот на посетители. Тие биле основани од папата Јулиј Втори во 1506 година, што ги прави еден од најстарите сè уште постојни музеи во Европа.