Институтот за новинарски студии на „Ројтерс“ го објави својот извештај за дигитални вести за 2021 година минатата недела, во кој беа опфатени 92.000 испитаници во 46 пазари и беше третиран широк спектар теми од влијанието на пандемијата врз потрошувачката до напредокот на платните деловни модели, како и довербата во вестите и дезинформациите. Финска има највисок удел од 65 отсто од испитаниците, кои беа согласни дека „поголем дел од времето може да им се верува на вестите“ што претставува зголемување за шест процентни поени од претходниот извештај. САД остварија најмал напредок и се наоѓаат на дното на листата, со само 29 отсто од испитаниците што поголем дел од времето им веруваат на вестите.