Дваесет и пет кинески воени авиони прелетаа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Тајван (АДИЗ) што е најголемиот упад откако островот првпат започна да известува за таква активност лани во септември. Се користеа 14 борбени авиони „џ-16“, четири борбени авиони „џ-10“, четири бомбардери „х-6к“, два противподморнички авиони „ј-8“ и еден пресретнувач „кџ-500“. Министерството за одбрана на Тајван изјави дека ги користело своите борбени авиони и ракетни системи за да ја следи кинеската активност. Скорешниот инцидент особено се истакнува затоа што беа вклучени огромен број авиони на воздушните сили на народноослободителната војска (ПЛААФ). Кинеската воздушна активност мошне зачести од почетокот на годинава, и тоа најмногу во северниот дел на Јужнокинеско Море.