За многу луѓе денес првиот извор на здравствени податоци кога ќе откријат некој невообичаен исип или загрижувачка болка не е матичниот лекар, туку Гугл. Бројките од Евростат ги откриваат земјите во кои луѓето најмногу се потпираат на медицински информации од Интернет. Во Холандија, на пример, речиси три четвртини од испитаниците изјавиле дека побарале здравствени информации на Интернет, што е зголемување од 27 отсто во однос на 2006 година. Данска, Германија и Британија исто така се меѓу првите европски држави што му се обраќаат на Гугл за медицински совет.