Честа глетка во некои земји е кога ќе се отвори некоја нова медицинска установа пациенти да чекаат ред дури и на улица пред самиот објект. Исто така, на многумина им се добро познати фрустрациите и збунетоста што настануваат кога наутро ќе се јават во амбуланта за да закажат преглед кај општ лекар, а подоцна ќе дознаат дека тој веќе си заминал од ординацијата и дека нема ништо од прегледот.
Како што покажуваат податоците од Евростат, шансите за соочување со овие проблеми се разликуваат многу од земја до земја. Кога станува збор за бројот на општи лекари на 100.000 жители, Португалија е пред сите други земји-членки од ЕУ со 244 лекари. Од друга страна, Грција е на дното на листата со само 34 општи лекари на 100.000 жители.