Домување

Модата не е единствената област каде што трендовите се менуваат еден по друг. А во декорацијата, секоја година нови предмети, бои и идеи ги заведуваат љубителите на дизајнот. Ако периодот на пандемијата донесе пресврт кон минимализмот, пресврт нè чека веќе во 2023 година. Додека палетата на смели нијанси, како што се: портокалова, црвена и сина, ќе предизвика бум во нашиот животен простор, има една боја што се истакнува со своите поттонови и полека го презема водството. Ѕидовите, тапетите, украсите, сликите ќе бидат во знакот на зеленото.
Зелена, бојата на надежта. Бледозелена, јаболко, ела, маслинка, смарагд, нане, липа… накратко, зеленило има онолку колку што има причини да полудите по овој тренд. Синоним за животот и природата, дава шмек на свежина во нашиот ентериер. Но знајте дека нијансата ја одредува просторијата. За да го искористите тоа и да го уредите домот на најудобен можен начин, може да си поиграте со различните нијанси што ги нуди зелената боја. Зошто да не се осмелите да користите аква-зелена боја во спалната соба или бањата, за да создадете средина што е светла и топла во исто време? Разубавете го вашиот кујнски мебел со маслинесто зелена боја, што сигурно ќе ве натера да посакате да поминете време во кујната и да приготвите вкусни оброци. Конечно, поиграјте си со сиво-зелената боја за шик дневна соба или одлучете се за ела-зелената и почестете се со боемска атмосфера.