Домување

Доколку дома немате таблети за садови, задолжително купете, бидејќи ќе се воодушевите кога ќе сфатите што можат да направат. Тие се направени за да се „борат“ со тврда вода, дамки и маснотии од храната, па многу луѓе ги користат и за чистење други предмети во домаќинството.

Исчистете ја машината за перење: Дали некогаш ја чистите машината за перење? Повеќето луѓе не го прават тоа иако спречува многу проблеми. Експертите препорачуваат да вметнете 1-2 таблети за миење садови во празна машина, да ја поставите температурата на 90 Целзиусови степени и да ја вклучите. Оваа постапка го спречува лошиот мирис, ја чисти машината и спречува затнување. Трикот е особено корисен за уредите постари од пет години, бидејќи им го продолжува рокот на траење.

Исчистете ја фритезата: Чистењето на фритезата е кошмар, тешко е да се отстрани целата маснотија. За среќа, таблета за миење садови е од голема помош овде. Наполнете ја празната фритеза до 3/4 со топла вода и ставете една таблета. Оставете ја кошницата за пржење внатре, за да може да се измие. Вклучете ја фритезата, но погрижете се температурата да не надминува 90 Целзиусови степени. Оставете така да врие 10 минути. Отворете го прозорецот, бидејќи додека го правите тоа, ќе се шири непријатна миризба од фритезата. На крајот исплакнете ја со топла вода.

Отстранете ги кафените дамки: Љубителите на црниот чај знаат дека остава непријатни кафени дамки на лончињата, шолјите и чашите, а од нив не е лесно да се ослободите. Загрејте вода со таблетата за миење садови. Кога таблетата ќе се раствори, истурете ја течноста во чашите што сакате да ги измиете. Оставете да отстои еден час и потоа измијте ги.

Отстранете ги жолтите дамки: Жолтите дамки на белата кошула, како што се оние под пазувите, се многу тврдокорни. Додека ја перете белата гардероба, вметнете една таблета за миење садови во машината за перење и вклучете ја програмата што вообичаено ја користите. Белите работи повторно ќе бидат блескаво бели, исто како во рекламите.

Измијте ги изгорените тави: Се мачите да ги отстраните изгорените остатоци од тенџерињата и тавите? Ставете вода, ставете ја таблетата и оставете да врие неколку минути на средно висока температура. Потоа измијте го тенџерето или тавата со сунѓер и детергент за садови, ќе се ослободите од сè.